Најголемата и најмасовната спортската манифестација во Охрид – Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ имаше успешна промоција на Атлетскиот маратон во бугарската престолнина, Софија.
Осумчлена охридска експедиција на експото на маратонот во Софија го промовираше спортскиот настан и Охрид кој оваа година беше домаќин на повеќе под илјада учесници.
– „Охрид трчаТ“ беше промовиран на уште еден голем настан. Со учеството и промоцијата на Охрид трчаТ ја завршуваме 2018 година. Ни останува уште гала вечерта на која ќе им се, заблагодариме на нашите пријатели и поддржувачки кои од ден во ден се побројни, изјави директорот на трката, Иван Цветкоски.
„Охрид трчаТ“ годинава беше презентиран уште и на „Dumotion“ маратонот во хрватскиот град Дубровник и на „Скопскиот Визер’ маратон што собра десет илјади натпреварувачи.
Инаку веќе е промовиран плакатот за манифестацијата „Охрид трчаТ“, а во најскоро време ќе започне пријавувањето за учество на третото издание на Атлетскиот викенд во Охрид.