Охрид се врати на врвот на табелата во Супер лигата

Од:

Ракометарите на Охрид синоќа постигнаа победа на гостувањето во Прилеп над истоимената екипа со 33:27 во натпревар од 16. коло од Супер лигата. Со новите три бодови охриѓани се вратија на првото место на табелата. Најефикасен кај победникот беше Крсте Андоновски со 11 голови.

На вториот натпревар одигран вчера Еурофарм Работник – Радовиш 36:25.

На дуелите одиграни во петокот од оваа рунда: Вардар Јуниор – Металург 2 33:25, Пелистер – Борец 29:25 и Пролет – Работнички 40:23.

Табела: Охрид 37 бодови, Пелистер 37, Работник Еурофарм 34, Борец 26, Прилеп 23, Радовиш 22, Пролет 22, Металург 2 18, Вардар Јуниор 14, Работнички 0.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ