Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ официјално го претстави обновениот модел Микра, што на пазарот ќе се најде од есен оваа година.
Освежената Микра има нов изглед на предниот дел со редизајнирана предна маска, браник, поклоп, светла и магленки. На задниот дел се впечатливи нов браник, модифицирана врата на багажникот и ЛЕД светла.
Како опција достапни се нови тркала од легура, панорамски стаклен покрив и систем за помош при паркирање.
Основниот модел доаѓа со електрично придвижувани предни прозорци, далечинско централно заклучување, АБС, ЕСП, неколку воздушни перничиња, електричен управувач и ЦД/АУХ/УСБ аудио систем.
Понудата на мотори вклучува трицилиндерски 1,2 литарски бензински мотор и 1,2 литарски ДИГ-С бензински мотор со турбо полнач, што троши 4,1 литар на 100 километри и има емисија на штетни гасови од 95 грама на километар. Достапен е стандарден петстепен мануелен менувач или опционен ЦВТ менувач.