Официјално: Фетел во Ферари до 2017-ма

Од:

Четирикратниот светски шампион во Формула 1 и се уште член на Ред Бул, Себастијан Фетел од следната сезона ќе вози за Ферари. Италијанската екипа соопшти дека потпишала договор со Фетел до 2017 година.

Германецот во Ферари ќе вози во тандем со Кими Раиконен, а за трансферот во новиот тим рече дека со тоа му се остварил сонот од детството.

-Кога бев мал и го гледав Шумахер во црвениот болид, копнеев и јас да возам за Ферари. Сега сонот ми се оствари.

Фетел во Ферари доаѓа на местото на Фернандо Алонсо, кој в недела ќе ја вози последната трка за тимот од Маранело.

27-годишниот германски возач со вкупно 39 победи на 134 од шампионатот во Ф1 се наоѓа на четвртото место во историјата на ова натпреварување.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес