Официјални фотографии од BMW M4

Од:

БМВ објави официјални фотографии од новиот концепт на спортско купе возило М4, наследник на познатиот М3, што премиерно ќе биде претставен на Саемот на автомобили во Детроит идната година.

Новото БМВ М4 Купе се очекува да биде полесно, помоќно, поагилно и побрзо од М3 купе. Се очекува од 0 до 100 километри на час да забрзува за 4,2 секунди, додека максималната брзина ќе биде електронски ограничена на 250 километри на час.

bmw-m4-concept-photo-1

Под хаубата ќе се најде твин-турбо шестцилиндарски 3,0 литарски мотор со 450 коњски сили, што е за 30 коњски сили повеќе од В8 моторот во М3 кипе Е92.

Предвиден е агресивен аеродинамичен боди кит, што подразбира хауба и покрив од карбонски влакна, М фелни од 20 инчи, модифицирана суспензија, посилни сопирачки, спортски издув и внатрешност со спортски детали.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска