Вчера во спортската сала ,,Иван Хаџи Николов “ во Скопје се одржа сениорско државно првенство на Македонија во кик-бокс во дисциплините на татами.
На шампионатот на кој учество земаа 67 натпреварувачи од 15 клуба, кои се натпреваруваа во дисциплините и тежинските, присутната публика во салата во скопската населба Радишани имаше задоволство да ужива во квалитетните борби.
Во дисциплината „кик лајт“ Стефани Тодорова од клубот „Фајт Тим“ од Скопје го освои првото место во категоријата -60 килограми, додека нејзиниот клупски колега Виктор Дуковски беше најдобар во категоријата -63 кг.
Две први места освоија и борците од „Гладијатор’’ светскиот шампион Димитар Ѓорѓиев (од Неготино) и Гоце Цунгуровски (од Штип).
Очекувано најдобар до -69 кг. беше светскиот првак Ненад Манојловски од скопскиот клуб „Шампион’’, а до -74 килограми како прв заврши Елвир Нуредини од „Сен Сеи“. Членот на Куманово 2006, Филип
Наковски го освои првото место во категоријата -89 кг. додека Димков Зоран од „Будо“ од Кавадарци, беше најдобар во најтешката категорија.
Дарко Гоцевски од штипски „Гладијатор“ беше најдобар во дисциплина „лајт контакт“.
Следното државно првенство е резервирано за кадетите и јуниорите, а ќе се одржи на 2 април.