Одржан тениски турнир во двојки

Од:

Во текот на изминатиот викенд на терените на тенискиот клуб „МТП“ во Скопје, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, „Дајнерс Клуб Интернационал“ и „Дипломатскиот клуб-Скопје“, се одржа тениски турнир во двојки.

На турнирот учествуваа околу педесетина претставници на повеќе странски амбасади акредитирани во Македонија, претставници на ЕУ, ОБСЕ, ЕБОР, УСАИД, лица од Министерството за надворешни работи, како и претставници на македонската и меѓународната бизнис заедница.

Од МНР соопштија дека победници на турнирот се Ростислав Палахусинец од Амбасадата на Украина и Штефан Нунер од ОБСЕ.

Пригодни награди за победниците обезбедија ко-организаторот „Дајнерс Клуб Интернационал“, како и „Алкалоид“, и „Спорт Вижн“, а турнирот го спозорираа и „Кодинг Горска “, „Ачибадем Систина“ и „М Кар“.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ