Одржан семинар за кошаркарски тренери

Од:

Во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, вчера и денеска беше одржан семинар за тренери кој претходно го закажа Здружението на кошаркарски тренери. Претседателот на тренерската комисија при Македонската кошаркарска федерација, Боро Даскаловски, ги информира сите кои беа присутни за начинот на лиценцирање на тренери за наредната сезона односно за нивното континуирано стручно усовршување.

– Она што речиси две години е подготвено ќе започне да се реализира по предвидената програма. Сите тренери кои се во кошарката подолго време, но немаат соодветно образование ќе можат да се стекнат со лиценци доколку ја реализира предвидената програма која се состои од теоретска настава, практична настава, практична настава со ментор како и краен испит. По исполнување на сите зададени работни задачи кандидатките односно кандидатите ќе се стекнат со лиценцата за која конкурирале, објасни Даскаловски, кој воедно е и професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

На семинарот беше одржан и тренинг со дел од селекцијата на Македонија до 18 години на кој гостите Драган Јаковлевиќ, заедно со Јанко Луковски демонстрираа дел од акциите за подобрување на играта во транзиција, агресивноста како и соодветна реакција.

– Мило ми е што имам чест да одржам едно кусо предавање во една од Републиките на Балканот кој дала голем број на асови. И во Македонија и во Србија имаме тренери кои се дел од таа југословенска школа или имаат барем мала нишка и се свесни колку е важна едукацијата и работата на тренерите во кошаркарската сфера. Порано, Југославија создаваше врвни спортисти, кошаркари, а сега случајот не е таков. Во минатите четири години, Србија конкретно создаде двајца играчи што е поразителна бројка. Без разлика дали работите во мал или во голем клуб, мора постојано да се работи со кошаркарите, Јаковлевиќ ги поддржа ЗКТ и тренерската комисија при федерацијата.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ