Одржан државниот шампионат во традиционално карате

Од:

Во „Будо карате центарот Недеви“ викендот се одржа 45.от Државен шампионат и традиционалниот карате турнир 13 Ноември во традиционално карате во дисциплините (фукуго, кумите и кого-кумите) за сениори, јуниори и кадети.

Во кумите – мажи најдобар беше Матеј Ангеловски, пред Бојан Богдановиќ кој освои сребрен медал, третото место е за Огнен Тасевски и Владимир Јовановски.

Победничка во дисциплината кумите – жени е Мила Саздова, втора Ана Крстевска, трето место го делат  Берта и Јана Милевски.

Шампион во дисциплината фукого – мажи е Матеј Ангеловски, Огнен Тасевски е втор, на трето место се пласираа Филип Томевски и Љупчо Миленковски.

Дисциплина фукого – жени: прво место Мила Саздова, второ Ана Крстевска, трето Јана Милевска и Јелена Дробниќ.

На шампионатот учествуваа 62 натпреварувачи од 10 клуба.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје