Одредени двојките за првото коло во фудбалскиот Куп на Македонија

Од:

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска беа извлечени паровите од првото коло на Купот на Македонија.

Во ова рунда од најмасовното натпреварување кај нас ќе се игра само еден натпревар. Прволигашите и најдобрите екипи од претходната сезона во ВМФЛ се во улога на носители и натпреварите ќе ги играат во гости.

Титулата од минатата сезона ќе ја брани битолски Пелистер.

Двојки за 1.коло во Купот на Македонија:

Локомотива – Вардар
ССК Нова – Академија Пандев
Борец – Влазерими
Кожув – Новаци
Вардар Неготино – Еуромилк
Беласица – Пелистер
Плачковица – Победа
Осогово – Брегалница Штип
Могила Би-милк – Силекс
Струга Трим Љум – Македонија ЃП
Охрид – Скопје Лихнидос
Зајази – Шкупи
Гостивар – Шкендија
Тетекс – Хоризонт Турново
Тиквеш – Ренова
слободен: Работнички

Натпреварите од првото коло ќе се одиграат на 16 август, а финалето е предвидено за 9 мај 2018 година.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он