Одредени двојките за првото коло од плеј-офот од ракометната Супер лига

Од:

Првото коло од плеј-офот од ракометната Супер лига наместо на 20 април ќе се одигра овој викенд. До промена на терминот за одигрување дојде бидејќи македонската кадетска репрезентација ќе учествува на турнир во Бугојно и нема да биде во можност да се играат натпреварите од 1/4 финалето (групна фаза) во предвидениот термин.

Беа одредени и броевите според кои и ќе се играат натпреварите во плеј офот. Во првото коло двојките се: Макс Струмица – Работнички, Прилеп – Металург и Охрид – Вардар. Сепак неизвесен е настапот на екипата Макс Струмица поради сериозните финансиски проблеми со кои се соочува овој клуб.

Последното 10 коло од плеј офот е предвидено да се одигра на 4 или 5 јуни кога ќе биде и прогласен новиот ракометен шампион.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ