По одигрувањето на реванш четвртфиналните натпревари од ракометната Лига на шампионите ЕХФ го одреди „тимот на колото“. Во изборот се наоѓаат по двајца играчи на Кил и на Веспрем, а по еден од Флензбург, Загреб и Киелце.
„Тимот на колото“ го сочинуваат:
лево крило – Доминик Клајн (Кил)
лев бек – Михал Јурецки (Киелце)
среден бек – Жоан Кањелас (Кил)
десен бек – Ласло Наѓ (Веспрем)
десно крило – Ласе Сван (Флензбург)
пивот – Тин Контрец (Загреб)
голман – Мирко Алиловиќ (Веспрем).
Од играчите на Вардар двајца се најдоа во изборот на најубави голови. Данил Шишкарев како број пет, а Алекс Душебаев е како број три во ТОП 5 головите на реванш четвртфинални натпревари.