Поради дождот во Париз организаторот по втор пат ги прекинува женските четвртфинални мечеви на денешната програма на тенескиот турнир Ролан Гарос.
На главниот терен „Филип Шантие“, Тимеа Бачински од Швајцарија има водство против Кристина Младеновиќ од Франција. Мечот е прекинат во вториот сет при водство на Бачински од 1-0 во сетови и 4:3 во гемови во вториот сет.
На мечот на теренот „Сузан Леглен“ меѓу Каролине Вознијацки (Данска) и Јелена Остапенко (Летонија) резултатот е 1-1 во сетови (6:4 и 2:6) и Вознијацки води со 2:1 во гемови во решавачкиот сет во моментот на прекинот.
За денеска планираните мечеви кај мажите од четвртфиналето се одложени за утре, за кога се планирани и да се одиграат другите четвртфиналени дуели во двете конкуренции.
Утре од 11 часот најавен е почетокот на мечевите кај мажите, а треба да играат: Новак Ѓоковиќ против Доминик Тим и Пабло Буста против Рафаел Надал.