Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата Франциск

Од:

Сите натпревари во Италија закажани за денеска се одложени поради смртта на папата Франциск, соопшти Италијанската фудбалска федерација.

Раководството на Серија А првично најави дека ќе бидат одложени четири натпревари од 33. коло на Серија А, како и дуелите во Примавера.

Вечерва требаше да се одиграат четири натпревари од 33.коло во Серија А: Торино – Удинезе, Каљари – Фиорентина, Џенова – Лацио и Парма – Јувентус.

Фудбалската федерација на Италија тогаш објави дека сите денешни натпревари во Италија, од Серија А до аматерските лиги, се одложени и соопшти дека подоцна ќе биде објавен нов термин за овие натпревари.

Папата Франциск почина утрово на 89-годишна возраст, соопшти кардиналот Кевин Ферел.

Би можело да ве интересира

Папата Лав XIV во Монако: Даночниот рај на милијардерите треба да им помогне на сиромашните

А1он

Папата го критикуваше Трамп: „Војната не е видео игра, медиумите не смеат да шират пропаганда“

А1он

Папата: Нека нуклеарната закана никогаш повеќе не ја диктира иднината на човештвото

А1он

Модриќ е третиот најстар стрелец во Серија А

А1он

Аукциска битка за фотоапаратот на папата Франциск

А1он

Модриќ во друштво на Малдини, Занети и Ибрахимовиќ пред миланското дерби – четвртиот 40 годишник

А1он