Авто картинг клубот „Никола Карев“ од Скопје соопшти дека е одложен почетокот на новата сезона на автомобилизам на кружни патеки од меѓуклубскиот шампионат на Македонија и трката што требаше да се одржи на воениот полигон во Кичево.
Како причина автоклубот ја наведува неможноста да се користи воениот полигон во касарната во Кичево.
Клубот дополнително ќе информира за датумот за одржување на трката.