На Европското првенство за одбојкари што се одржува во Полска во текот на вчерашниот ден се одиграа натпреварите од втората рунда во групите Б и Д.
Максимални победи во три сета забележаа Италија и Германија, додека другите два дуела беа решени во петтиот сет.
Резултати:
Б-група: Словачка – Италија 0:3 и Чешка – Германија 0:3.
Табела: Германија 5 бода, Италија 4, Чешка 3, Словачка 0.
Д-група: Турција – Белгија 2:3 и Франција – Холандија 3:2.
Табела: Белгија 4 бода, Турција 4, Франција 3, Холандија 1.
Денеска на распоредот се натпреварите од 3.коло во сите четири групи по што ќе бидат познати сите учесници во четвртфиналната фаза.