Со три натпревари што се одиграа синоќа беше комплетирано второто коло од ракометната Лига на шампионите по кое само три екипи имаат по две победи. Меѓу нив е и македонскиот првак Вардар, заедно со Барселона и европскиот првак Киелце.
Распоред на натпревари од 2.коло:
А група: Веспрем – Кадетен Шафхаузен 32:28, Барселона – Кил 26:25, Силкеборг – Флензбург 19:25, ПСЖ – Висла 33:30.
Табела: Барселона 4 бодови, Веспрем 3, Флензбург 3, ПСЖ 2, Силкеборг 2, Кил 2, Висла 0, Кадетен Шафхаузен 0.
Б група: Вардар – Мешков Брест 31:27, ППД Загреб – ПИК Сегед 24:26, Киелце – Кристијанштад 38:28, РНЛ – Цеље 31:30.
Табела: Киелце 4, Вардар 4, ПИК Сегед 3, Рајн Некар Ловен 3, Цеље 2, ППД Загреб 0, Мешков Брест 0, Кристијанштад 0.
Ц група: Татран Прешов – Металург 27:22, Ла Риоха – Монпеље 31:30, Елверум – Чеховски Медведи 28:28.
Табела: Ла Риоха 3, Металург 2, Чеховски Медведи 2, Монпеље 2, Татран Прешов 2, Елверум 1.
Д група: Динамо Букурешт – Мотор 35:31, Брага – Холстебро 32:27, Нант – Бешикташ 33:19.
Табела: Нант 3, Динамо Букурешт 3, Брага 2, Бешикташ 2, Мотор 1, Холстебро 1.