На женското Светско ракометно првенство што се одржува во Данска, одиграни се натпреварите од 2. коло во А и Б групите.
Во групата А, Црногорките славеа победа над Јапонија со 29:23, Унгарија ја совлада Србија 32:26, а домаќинот Данска очекувано и убедливо ја победи репрезентацијата на Тунис со 32:20.
Во конкуренцијата Б, репрезентацијата на Кина беше подобра од Куба со 39:30, Холандија убедливо ја победи Ангола со 37:24. Дуелот Шведска – Полска го оправда приматот дерби на денот, а победникот беше решен во самиот финиш кој им припадна на Швеѓанките со 31:30.
За селекциите од овие две групи денеска е слободен ден, додека репрезентациите од групите Ц и Д денеска ќе ги одиграат средбите од 2.коло:
Ц група: Конго – Бразил, Јужна Кореја – Франција и Германија – Аргентина.
Д група: Романија – Казахстан, Русија – Шпанија и Норвешка – Порторико.