Одиграно 1. коло од женската ракометна Лига на шампионите

Од:

По неколку години пауза Македонија повторно има претставник во групната фаза во ракометната Лига на шампиони за ракометарки, натпреварување во кое викендов се одигра 1.коло од сезоната 2013/14.

Македонскиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ вчера во дуелот од 1.коло во дебито оствари победа на гостувањето против шпанската екипа Бера Бера со 23:19.
На вториот натпревар од групата Д, Ларвик ја победи Подравка со 34:18.

На другите натпревари од првото коло беа постигнати следниве резултати:

А група: Ѓер – Хипо 41:22 и Турингер – Баја Маре 36:29.

Б група: Митјиланд – ФТЦ 32:23 и Будуќност – Лублин 31:19.

Ц група: Мец – Лајпциг 22:23 и Крим – Савехоф 36:28.

Во второто коло од Д групата ЖРК Вардар СЦБТ во петок на 11 октомври игра против Ларвик во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска