Со три натпревари кои беа одиграни вчеравечер започна 3.коло во женската ракометна Лига на шампиони.
Најнеизвесно беше на дуелот во Шведска, каде Савенхов и Локомотива од Загреб одиграа без победник 29:29.
Убедлива победа на домашен терен славеше германскиот тим Лајпциг кој го победи осумкратниот европски шампион Хипо со 42:20.
Гостинска победа оствари норвешкиот претставник Ларвик кој во Романија ја победи екипата на Баиа Маре минимално со 24:23.
Денеска на програмата е само натпреварот од А групата, во која руската екипа Динамо Волгоград е домаќин на Крим Љубљана.
Македонскиот шампион ЖРК Вардар утре гостува во Копривица, Хрватска кај составот на Подравка. Овој натпревар ќе започне од 17 часот, а покрај него ќе се играат и средбите: Турингер – Будуќност, Виборг – Ѓер и Лубин – Мец.
Табели:
А група: Лајпциг 4 бодови, Динамо Волгоград 3, Љубљана 2 и Хипо 1.
Б група: Будуќност 4 бодови, ЖРК Вардар 2, Турингер 2 и Подравка 0.
Ц група: Ѓер 4 бодови, Виборг 4, Локомотива Загреб 0 и Савехоф 0.