Одиграни првите средби од предквалификациите за Светското кошаркарско првенство 2018

Од:

Со петте натпревари, што се играа синоќа, стартуваа претквалификациите за Светското кошаркарско првенство, кое следната 2018 година ќе се одржи во Кина.

Во првиот меч од Ц групата одигран во Приштина, селекцијата на Македонија загуби од Косово со 72-68. Во оваа група слободна беше Естонија, која ќе биде следниот противник на Македонија веќе в сабота во Скопје.

Во единствената група која има четири селекции, групата А, победи на синоќешните средби забележаа домаќините. Ерменија ја победи Словачка со 75-61, а Шведска беше подобра од БиХ со 81-73.

Австрија со 91-59 ја победи Албанија на гостински терен во дуелот од Б групата, во која слободна беше селекцијата на Холандија.

Гостинска обеда оствари и Бугарија која во рамките на Д групата ја совлада Португалија со 82-71. Во оваа група е и селекцијата на Белорусија

Средбите од втората рунда се играат на 5 август (сабота).

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он