Одиграни првите средби од новата сезона во домашното одбојкарско првенство

Од:

Првото коло од новата сезона во одбојкарскиот шампионат на Македонија, во машка конкуренција, не донесе изненадувања.

Екипите кои ја имаа фаворитската улога забележаа победи.

Единствениот триумф на домаќините го оствари тимот на ГОК Борец кој со 3:1 го совлада Лешок. На останатите средби каде се радуваа гостинските екипи, Весна Пробиштип и Вардар со максимални 3:0 во сетови ги победија Лирија и Универзитет Тетово, додека универзитетската екипа на „Гоце Делчев“-Студент освои еден сет во мечот против Шутова (1:3).

Слободена во воведното коло беше екипата Струмица.

Кај дамите на програмата беше 3. коло во кое беа постигнаи овие резултати: Јанта Волеј – Пелистер Волеј 3:0, Куманово Планет 3:1, Македонија Макс – Универзитет Тетово 0:3, Виктори Волеј – Бами Кор 3:1 и Наковски Волеј – УГД Студент 3:0.

Максимални три победи имаат екипите на Универзитет Тетово и Виктори Волеј, но тетовчанки имаа 9, а струмичанки 8 бодови.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ