Одиграни пет натпревари во НБА лигата

Од:

Во најсилната светска кошаркарска лига – НБА ноќеска се одиграа пет натпревари чии резултати немаат големо значење за пласманот на екипите пред почетокот на плеј-офот.

Постигнати резултати:
Атланта – Шарлот 103:76,
Минесота – Оклахома 98:100,
Далас – Денвер 91:109,
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 108:96 и
Сакраменто – Феникс 129:104.

Од Западната конференција место во плеј-офот обезбедија: Голден Стејт 66-15 (победи-порази), Сан Антонио 61-20, Хјустон 54-27, ЛА Клиперс 50-31, Јута 50-31, Оклахома Сити 47-34, Мемфис 43-38, Портланд 41-40,…

Пласман Источна конференција: Бостон 52-29 (победи-порази), Кливленд 51-30, Торонто 50-31, Вашингтон 49-32, Атланта 43-38, Милвоки 42-39, Индијана 41-40, Чикаго 40-41, Мајами 40-41,…

На Истокот утре по одигрувањето на последните 14 натпревари од лигашкиот дел, ќе биде познато кој во разигрувањето за титулата ќе стартува од првата позиција и кои две екипи од Индијана, Чикаго и Мајами ќе влезат во плеј-офот.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот