Со одигрувањето на два дуела синоќа беше комплетирано второто коло од ракометниот плеј оф и три екипи се издвоија на врвот на табелата со по три победи. Макс Струмица го победи Прилеп со 32:28, додека Металург беше поуспешен од Охрид со 30:23.
Во вторникот Вардар го совлада Работнички 38:26.
Табела – плеј оф: Вардар 6 бодови, Металург 6, Макс Струмица 6, Прилеп 0, Работнички 0 и Охрид 0.
Вчера се одиграа и дуелите од плеј аут лигата: Пелистер – Борец 34:28, Радовиш – Металург 2 42:33 и Пролет – Вардар Јуниор 21:22.
Табела – плеј аут: Пелистер 27 бодови, Вардар Јуниор 24, Радовиш 24, Пролет 18, Борец 13, Металург 2 1.