Во ракометната Лига на шампиони синоќа се одиграа четири натпревари од шестотото коло.
Македонскиот вицепрвак Металург загуби од францускиот Монпелје во дуел од Ц групата во која Татран Прешов како гостин славеше минимално против Висла Плок.
Во групата Б во кој игра македонскиот шампион Вардар, синоќа се одигра средбата Рајн-Некар – ППД Загреб која заврши со минимална победа на германскиот тим, кој сега изби на првото место со бод повеќе од Киелце и Вардар.
Комплетни резултати и двојки за 6.коло во ракометната Лига на шампиони:
А група: Висла Плок – Кил 24-22, Кадетен Шафхаузен – Фленсбург 26-29, ПСЖ – Барселона и Веспрем – Силкеборг (во сабота).
Табела: Барселона 10 бодови, ПСЖ 8, Фленсбург 7, Веспрем 6, Кил 6, Силкеборг 4, Висла Плок 3 и Кадетен Шафхаузен 0.
Б група: Рајн-Некар – ППД Загреб 25-24, Вардар – Киелце и Цеље – ПИК Сегед и Мешков Брест – Кристијанштад (сабота).
Табела: Рајн-Некар 9, Киелце 8, Вардар 8, ПИК Сегед 5, Мешков Брест 4, Кристијанштад 3, Целје 3 и ППД Загреб 2.
Ц група: Чеховски Медведи – Татран Прешов 28-29,
Металург – Монпелје 24-30 и Ла Риоха – Елверум (сабота).
Табела: Монпелје 8, Ла Риоха 7, Таран Прешов 6, Елверум 5, Чеховски Медведи 4 и Металург 4.
Д група: Брага – Мотор Запорожје (сабота), Холсебро – Бешикташ и Нант – Динамо Букурешт (недела).
Табела: Нант 9, Бешикташ 7, Мотор Запорожје 5, Динамо Букурешт 4, Брага 4 и Холстебро 1.