Репрезентациите на Србија и на Холандија ќе играат во финалето на Европското првенство за одбојкарки откако во полуфиналните мечеви беа подобри од своите ривали.
Србинките со убедливи 3:0 вчера во полуфиналната фаза ја совладаа Турција и со само еден загубен сет стигнаа до завршниот медал. Тие на ЕП пред две години го освоија третото место, а на овој шампионат ќе бидат најмалку една позиција погоре.
На првиот полуфинален дуел, Холандија по голема борба го совлада домаќинот Азербејџан со 3:2.
Финалето е закажано за попладне во 17 часот. Во натпреварот од групната фаза Србија ја победи Холандија со убедливи 3:0 и како фаворит влегува во дуелот за златото.
Во предигра на финалето, од 14 часот ќе се игра мечот за третото меѓу Азербејџан и Турција.