Одбојкарките на oпштина Карпош шампионки на „Купот Св. Ѓорѓи“

Од:

Одбојкарките на oпштина Карпош се нови шампионки на “Купот Св. Ѓорѓи“. Во финалниот натпревар избраничките на проф. Александра Николовска беа посупешни од своите врснички од oпштина Гази Баба, со резултат од 2:0. Со идентичен резултат заврши и средбата меѓу екипите на Центар и Кисела Вода.

Овде гледавме динамичен и неизвесен натпревар, каде одбојкарките на oпштината Центар беа поуспешни особено во финишот на двата сета, притоа освојувајќи го третото место.

Пехарите и дипломите на најуспешните, ги додели претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ. Со завршувањето на одбојкарскиот турнир, практично заврши годинешното издание на ,,Купот Св Ѓорѓи“, кој изобилуваше со ревија на спортски таленти во футсал, кошарка и одбојка, од општините Кисела Вода, Карпош, Центар и Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба