Одбојкарките на Јанта Волеј станаа државни шампионки

Од:

Одбојкарките на Јанта Волеј на синоќешниот финален натпревар кој се одигра во спортската сала Независна Македонија ги победија девојките од Куманово со резултат 3:1 во сетови, 20:25, 25:11, 25:04, 25:20.

Со оваа победа девојките од Јанта Волеј станаа државни шампионки во сениорска категорија, освоија злато.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски заедно со секретарот на локалната самоуправа Александар Алексовски, го проследија ова одбојакaрско финално дерби и на крајот на најуспешните одбојкарки на државното првенство во Република Македонија им доделија пехари и медали. На Темелковски му припадна таа чест да им ги додели медалите и златниот пехар на државните шампионки, додека Алексовски на девојките од Куманово им ги додели медалите и сребрениот пехар.

-Премногу сум среќен што освоивме втора шампионска титула, верувам дека и во иднина нашиот клуб ќе продолжи да освојува уште многу титули. Воедно, сакам да и се заблагодарам на публиката која синоќа дојде во голем број и ни даде поддршка. Во исто време голема благодарност и до градоначалникот Филип Темелковски, кој заедно со секретарот на општината, Александар Алексовски присуствуваа и ни даваа поддршка од трибината. Покрај ова најмногу сакам да им се заблагодарам на девојките за одличната игра и големата борбеност на теренот.

Градоначалникот и секретарот на општината на девојките од клубовите од Кисела Вода и Куманово им честита за успехот кој го постигнаа во првенството, им посака среќа и уште многу успеси во понатамошните натпреварувања.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ