Одбојкарите патуваат за Австрија на деби во Европската лига

Од:

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва заминува за Грац, каде што в четврток, против домаќинот Австрија, ќе дебитира во Европската лига.

И овој пат одбојкарите за Австрија ќе патуваат со клупскиот автобусот на РК Вардар. Натпреварите ќе се играат во четврток и петок од 20:15 часот.

Но, и покрај проблемите со кои се соочуваат селекторот Жарко Ристоски е оптимист.

-Одиме да оствариме добар резултат, а тоа значи да освоиме што е можно повеќе поени. Овој меч го гледаме како влезна врата за дуелите коишто следуваат. Со една победа од Австрија или со 4, 5 поени имаме одлични шанси за висок пласман’, изјави селекторот Жарко Ристоски на денешната прес-конференција.

Со Австријците во 2012 година Македонија одигра два меча во кои секоја од селекциите славеше по една победа и тоа по максимални пет одиграни сетови.
Капитенот Никола Ѓорѓиев смета дека сега сме поквалитетни од Австријците и дека можеме да напаѓаме пласман во полуфиналето.

-Досега постојано атакувавме на трето место, а сега сум горд што можам да кажам дека нашата цел е Фајнал-фор (полуфинале). Оваа група е многу полесна од другата, а ние веќе имаме девет натпревари зад нас, изјави Капитенот Никола Ѓорѓиев.

Откако Словенија ја откажа организацијата на Фајнал-фор турнирот, се промени форматот на натпреварување во Европската лига.

Така сега четирите најдобри репрезентации ќе играат полуфинале во два круга (дома и во гости).

Покрај оваа селекција Македонија за противници ќе ги има и репрезентациите на, Турција, Данска, Словенија и со Македонија.

Во групната фаза, Македонија по гостувањето во Австрија, следниот викенд нашите одбојкари ќе играат два меча во Струмица против Данска, а викендот потоа (21 и 22 јуни) во Скопје ќе ја пречека Турција. Натпреварите во група Македонија ќе ги заврши на гости кај Словенија.

Би можело да ве интересира

Почина 15-годишна одбојкарка – се онесвести на загревање, а брзата помош не се ни појави

А1он

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ