Одбојкарите напредуваа едно место на ранкингот

Од:

Македонските одбојкари напредуваа едно место на најновата ранг листа на ЦЕВ и сега се 19. место со 170 поени, благодарение на пласманот на фајналфор-турнирот во Полска во рамки на Европската лига, каде што го освоија 2. место.

На табелата пред Македонија се наоѓа Грција со 188. поени, а од противниците во Европската лига подобар рејтинг од нашата репрезентација имаат Естонија 17. место и шампионот Словенија 11. место. Рангирани се вкупно 48 земји, а на чело се Русија, Србија и Полска.

Македонија можеби ќе добие шанса и во Светската лига наредната сезона. Тоа треба да го дефинира Светската одбојкарска федарација (ФИВБ) на утрешниот состанок во Лозана.

Би можело да ве интересира

Почина 15-годишна одбојкарка – се онесвести на загревање, а брзата помош не се ни појави

А1он

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ