Одбојкарите на Украина се први финалисти во Европската лига.
Во првиот полуфинален меч на завршниот турнир во Европската лига што се одржува во данскиот град Гентофе, Украина ја победи Шведска со 3-2
Првиот сет го добија Швеѓаните со 25:23, а во следните два Украинците ја презедоа играта и ги добија сетовите со 25:19, 25:15. Одбојкарите на Шведска се вратија во игра добивајќи го четвртиот сет со 25:22.
Во решавачкиот петти сет повеќе нерви, но и среќа имаа Украинците, па го решија истиот во своја полза со 18:16 за конечни 3-2 во сетови.
Кој ќе биде противник на Украина во утрешното финале ќе биде познато вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален натпревар во кој македонските одбојкари за противник ќе ја имаат домашната селекицја.
Дуелот Македонија – Данска ќе стартува од 19 часот.