Одбојкарската репрезентација на Шведска го освои 3.место во Европската лига.
Во „малото финале“ на завршниот турнир кој се игра во данскиот град Гентофе, одбојкарите на Шведска беа подобри од домашната селекција на Данска со 3:1 во сетови.
Голема борба се водеше во првиот сет кој Швеѓаните го добија со 25-23, додека Данците беа одлични во вториот па на противникот му препуштија само шеснаесет поени (25-16). Сепак во следните два шведските одбојкари го покачија темпото и ги добија двата сета со 25-20 и 25-21 за конечни 3:1 во сетови.
Кој ќе биде пак победник на годинашното, инаку четиринаесетто издание на европската лига ќе дознаеме по финалниот меч кој ќе започне од 19 часот, а во кој ќе играат Македонија и Украина.