Одбојкарите на Шутова со синоќешниот триумф над актуелниот првак Струмица поведоа со 2-0 во победи во серијата „подобар од пет“ и се на чекор од освојување на шампионскиот трофеј во домашното првенство.
Екипата на Шутова го доби мечот одигран синоќа во салата „Партизан“ во Струмица со 3-1 во сетови (22-25, 25-22, 25-22 и 25-18) во вториот натпревар од финалето на плеј-офот.
Со овој триумф екипата од Кичево е на чекор до освојување на двојната круна имајќи предвид дека тие триумфираа и во Купот на Македонија.
Следниот натпревар на програмата е во сабота во Кичево.