Одбојкарите на Македонија во Тирана по заврека на првото место во групата

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација со три победи го заврши првиот турнир од групата А во Европската лига. Но, за нашите одбојкари следуваат уште три натпревари во Тирана од петок до недела. Одбојкарската федерација на Македонија денеска организираше прес конференција во пресрет на вториот турнир на која беа искажани очекувањата за претстојните натпревари.

– На првиот турнир постигнавме три победи, а истото ќе се обидеме да го повториме и на турнирот во Албанија. Добро работевме и изминативе денови, важно е сите што сме здрави, а на репрезентацијата и се приклучи и Ѓоко Јосифов, истакна селекторот на Македонија Драгутин Балтич.

Капитенот Никола Ѓоргиев очекува повторување на резултатите и нови три победи.

– Не очекував толку убедливи победи. Овој турнир ќе го искористиме и да се воиграме за „фајнл фор“ турнирот во Данска. Најважно е да не ги потцениме другите екипи и да ја играме нашата игра. Така ќе го избориме првото место. Не ја игравме нашата најдобра одбојка, но формата ќе се „крева“ со тек на натпреварите и секако со доаѓањето на Јосифов, особено што нашата игра ќе има друга димензија, изјави Ѓоргиев.

На турнирот во Албанија, македонската репрезентација в петок игра против Шведска од 15 часот, во истиот термин в сабота ривал и е Азербејџан, а во недела од 18 часот игра против домашната селекција.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ