Одбојкарите на Македонија поразени од Летонија

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација со три порази го заврши првиот од двата квалификациски турнира за Европското првенство 2015 година. Попладенво во Вроцлав, Полска, репрезентацијата на Македонија во натпреварот од третото коло загуби од Летонија со 3:1 во сетови (102:88 на поени) во дуел што траеше 109 минути.

Првите два сета Летонија ги доби без поголеми проблеми со 25:17 и 25:19. Во третиот сет нашите одбојкари имаа постојано водство, но сетот сепак го добија „на разлика“ со 26:24. Во четвртиот сет противникот иако имаше водство, нашите одбојкари во финишот стигнаа до изедначување 22:22, но немаа сили за водство и Летонија го доби сетот со 28:26 за конечни 3:1.

До крајот на овој квалификационен турнир вечерва играат Полска и Словенија.
Од 23 до 25.мај годинава во Љубљана се игра вториот турнир од квалификациите.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ