Репрезентациите на Франција и на Словенија успешно ги отворија квалификациите за Олимписките игри што ќе се одржат годинава во Токио, Јапонија. Двете селекции забележаа максимални победи во три сета.
Франција во Берлин ја совлада Србија со 25:21; 25:21 и 25:22. Ова беше дуел од Б-групата.
Словенија одигра многу драматични два сета со Белгија кои ги реши во своја полза со 25:23 и 28:26, а во третиот беше 25:20.
Вечерва во 1. коло од А-групата играат уште и Чешка – Белгија.