Одбојкарите го забележаа и вториот пораз од Бугарија

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација со два порази од Бугарија го заокружи настапот на 44. издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, во рамки на подготовките за јануарските квалификациите за пласман на Европското првенство.

По вчерашниот пораз од 3:2, македонската репрезентација вечерва во Скопје загуби по втор пат од бугарските одбојкари со 3:1 (25:17, 18:25, 22:25, 22:25).

Александар Љафтов заврши со 17, а капитенот Никола Ѓорѓиев со 16 поени во редовите на македонската репрезентација, која на 5 и 6 јануари во Софија ја очекува нов контролен двомеч против Бугарија, пред евроквалификацискиот турнир против Турција и Босна и Херцеговина, од 11. до 16. идниот месец во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба