Од тимот на Мекларен признаваат дека не се спремни за новата сезона

Од:

Шефот на Мекларен Ерик Булиер призна дека катастрофалните тестирања во Барселона наштетиле на тимот кој најверојатно нема да биде подготвен до почетокот на новата сезона.

Познатиот британски тим преживува тешки моменти. Пред три години им започна соработката со Хонда, која што во претходните години не даде никакви резултати, а по се изгледа ништо нема да се промени ни во 2017 година, што ја загрозува иднината на тимот.

Имено, моторот повторно е проблематичен, а тестирањата во Барселона минатата недела покажаа дека проблеми има и со останатите делови на болидот, па нивните возачи беа меѓу последните и по брзини и по бројот на извозени кругови.

„Не е сјајно, не сме ни блиску до нивото на кое што посакуваме. Не можевме да извозиме доволно кругови и не бевме доволно брзи. Ова изгубено време не може да се надохнади. За жал, во текот на сезоната ќе мора да ги правиме тестирањата кои што требаше веќе да бидат готови“ призна директорот Ерик Болиер кој е незадоволен од моторот со кој што располагаат.

„Со голед на тоа што го видовме минатата недела, јасно е дека мораме да чекаме Хонда да ги поправи работите“ рече тој.

Лошата форма на Мекларен би можела и да ѝ стави крај на соработката со Фернандо Алонсо, бидејќи 35-годишниот Шпанец сигурно нема да има стрпение да продолжи да чека болид кој што лошо се развива.

„Не е среќен бидејќи посакува да се бори за победи. Се надевам дека ќе остане, но не сум сигурен“ заклучи Болиер.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес