Очекувана победа на Еурофарм Работник во дуелот против Работнички

Од:

Ракометарите на Еурофарм Работник забележа очекувана победа во дуелот со последно пласираниот тим на табелата Работнички.

Во воведниот натпревар од 18. коло во ракометната Супер лига на Македонија, екипата на Еурофарм Работник го победи Работнички со од 31-26 полувреме 17-11.

Со оваа победа и новите бодови битолската екипа изби на првото место на табелата, со ист бројот на бодови (40) како и градскиот ривал Пелистер, односно на Охрид, екипи кои треба да ги одиграат своите средби од последното коло.

Попладнево, Пелистер е домаќин на Вардар Јуниор, додека Пролет го пречекува ГРК Борец. Двата натпревари ќе започнат во терминот од 18 часот.

Утре (сабота) од 19 часот ќе се играат преостанатите два меча. Радовиш го пречекува Охрид, а Прилеп ќе го угости вториот тим на Металург.

Во плеј-офот, ќе разигруваат првите четири екипи од регуларниот дел: Охрид, Пелистер, Еурофарм Работник и ГРК Борец, на кои ќе им се приклучат шампионот Вардар и екипата на Металург.

Табела: Охрид 40 бодови, Пелистер 40, Еурофарм Работник 40, Борец 29, Радовиш 25, Прилеп 23, Пролет 22, Металург-2 18, Вардар Јуниор 14 и Работнички 0.

Би можело да ве интересира

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир