Обрван со проверени сили ќе атакува на Рио

Од:

Ракометарите на Македонија ја очекуваат борбата за олимписки игри во Рио, Ерго Арената во Гданск ќе даде двајца од преостанатите шест учесници кои преку квалификациски циклус ќе обезбедат место на Олимпијадата.

На Македонија и се потребни најмалку две победи и поволен расплет во останатите дуели за да обезбеди историски пласман за македонскиот ракомет.

Затоа селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација, Ивица Обрван го соопшти списокот од 20 ракометари кои ги повика за стартот на подготовките за Квалификацискиот турнир за ЛОИ 2016.

На списокот се наоѓа и повредениот Филип Лазаров, кој има скршеница на прст на раката и според најоптимистичките прогнози ќе биде подготвен да игра на почетокот на април.

За разлика од списокот пред Полска, недостасува младиот бек Велковски, а шанса нема да добие ниту едниствениот интернационалец кој во моментот настапува во Тунис, Дејан Пецаковски. Пецаковски е член на Африкан клуб, екипа од која потекнуваат најголем број репрезентативци на Тунис и каде работи новиот селектор на Тунис.

Во списокот од 20 ракометари место имаше за:

1. Бoркo Ристoвски RHEIN-NECKAR LOWEN

2. Никoла Митревски S.L BENFIKA

3. Даниел Дупјачанец РК МЕТАЛУРГ

4. Дејан Манаскoв РК ВАРДАР

5. Гoце Ојлески HC ODORHEI

6. Гoце Геoргиевски FENIX TOULOUSE HB

7. Кoстески Никoла РК МЕТАЛУРГ

8. Стoјанче Стoилoв РК ВАРДАР

9. Жаркo Пешевски РК МЕТАЛУРГ

10. Никoла Маркoски РК РАБОТНИЧКИ

11. Филип Лазарoв РК ВАРДАР

12. Аце Јoнoвски BERGISCHER HC

13. Филип Миркулoвски HSG WETZLAR

14. Наумче Мoјсoвски CSM BUKURESTI

15. Немања Прибак BESIKTAS

16. Кирил Лазаров FC BARCELONA

17. Влатко Митков HC KREMS

18. Филип Талески РК МЕТАЛУРГ

19. Филип Кузмановски РК МЕТАЛУРГ

20. Велко Маркоски RK PPD ZAGREB

Првиот собир ќе се одржи на 1 април 2016 година во хотелот „Русија“ во Скопје, со почеток од 19:00 часот.

Првиот меч во Гданск, Македонија ќе го одигра против домаќинот на 8-ми април. Покрај Полска, на олимпискиот квалификациски циклус учествуваат репрезентациите на Тунис и Чиле.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ