Обрван објави поширокт список на ракометари за Олимписките квалификации

Од:

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за Квалификациите за ЛОИ што ќе се играат во Гдањск, Полска во периодот од 8 до 10 април 2016.

На списокот на Обрван се наоѓаат: Борко Ристовски, Даниел Дупјачанец, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Бојан Маџовски, Мартин Велковски, Никола Костески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Аце Јоновски, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Горан Кузмановски, Немања Прибак, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Филип Кузмановски, Дејан Пецаковски, Велко Марковски, Дарко Димитриевски и Милорад Кукоски.

Македонија се наоѓа во група со Тунис, Чиле и домаќинот Полска, а двете најдобропласирани репрезентации во групата ќе обезбедат учество на Олимписките игри во Рио.

Точниот термин за почеток на подготовките за турнирот во Гдањск дополнително ќе биде објавен.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ