Обновување на легендата Jaguar E-Type

Од:

Најавено е обновување на легендарната спортска икона Jaguar E-Type со елементи на модерна интерпретација на класичните линии на убавецот.

Станува збор за компанијата Lyonheart Cars основана во Ковентри чија идеја е да ја оживее традиционалната британска градба на автомобили која е синоним за ретки, ексклузивни и рачно изработени супер луксузни спортски автомобили.

08

Под хауба брмчи 5.0 литарски V8 надграден со механички компресор рафиниран од инженерите Coswort. Оваа британска икона од мотор, го користат Jaguar и Land Rover/Range Rover, е навиена на 575 КС и 700 Nm.

Спарен со шест степен автоматик преку задните тркала го турка лесното тело на Lyonhearth K до 100 km/h за помалку од 4 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 300 km/h.

Возната динамика профитира од цврстата алиминиумска шасија со мултилинк и напред и назад. Lyonhearth K стои на бандажи од лесен метал од 20 инчи има биксенон светла дополнети со светлечки диоди и напред и назад.

Продукцијата е ограничена на 250 примероци. Lyonhearth K Coupe ќе чини 360.000 евра, а Lyonhearth Convertible 375.000 евра. Производството стартува во декември.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on