Првите фотографии на „Масерати Гибли“

Од:

Окото на камерите за прв пат го фатија новиот „Масерати Гибли“, моделот за 2014 година, на патеката во Ротердам и тоа во текот на снимањето на една реклама.

2014-Maserati-Ghibli-Sedan-Rear-627x414

Досега „бејби Кватропорте“ беше виден само во бела варијанта, но овој модел со сина нијанса се чини уште поатрактивен од верзијата претставена во Шангај.

2014-Maserati-Ghibli-S-Video-627x313

„Гибли-то“ „фатено“ во Ротердам, како што се наведува, упатува на тоа дека е во прашање посилна верзија на „Гибли С“, што под хаубата има twin-turbo тролитарски шестцилиндаш, што ослободува 410 КС (301 KW).

Забрзувањето му е за пет секунди до 100 километри на час, а максималната брзина 285 километри на час.

2014-Maserati-Ghibli-Sedan-Interior-627x437

Истиот мотор е расположлив и со нешто поскромна снага – 330 КС, а забрзувањето за нијанса „помирно“ – 5,6 секунди.

„Масерати“ нуди и верзија со В6 3.0-литарски турбодизел, што ослободува 275 КС и забрзува до „стотка“ за 6,3 секунди, со потрошувачка од шест литри на 100 километри.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on