Од 2001 година до денес на фудбалските натпревари на Лигата на шампиони може да се видат топки со препознатливи ѕвезди. Сепак, топката со ѕвезди стана официјална фудбалска топка од сезоната 2006/2007 и без оглед каде се играл натпреварот се играло со иста топка.
Од 2010 година дизајнерите почнуваат да работат на комплицирани решенија, па ѕвездите на топките наменети за финалниот натпревар имаат долги приказни.
УЕФА го обелодени изгледот на топката со која на 28 мај ќе се игра финалето во Лигата на шампиони во Милано.
– Милано е престолнина на модата. Сакавме сега фокусот да биде на стариот градски грб, објаснува дизајнерката во Адидас, Франциска Лефелман.
Ѕвездите на топката со која ќе се игра финалето во Милано обоени се со металик сива боја, а Лефелман објаснува што симболизираат црвените и црни линии.
– Црвената боја на ѕвездите е поврзана со боите на крстот на градскиот грб. Црните ленти симболизираат спирали на надворешни столбови на Сан Сиро. Се тоа дава моќен визуелен изглед на топката со која ќе се игра финалето во Милано, вели Лефелман.