Новитцки го пропушта остатокот од сезоната, но се враќа следната

Од:

На кошаркарот на Далас Маверикс, Дирк Новитцки му e извршена операција на левиот скочен зглоб и ќе ги пропушти преостанатите неколку натпревари од тековната сезона.

Зафатот не би требало да ја загрози одлуката на германскиот кошаркар да игра и следната година, која за него би била 21-та сезона во Маверикс.

– За мене нема слободни денови. Станувам во седум часот, а во девет ја носам ќерка ми в градинка. А ќе тренирам и по нашиот разговор. Доколку и само еден ден не правам ништо ќе ми биде потребна цела вечност да се вратам во нормала. Затоа доаѓам во салата и во деновите кога немаме тренинзи, нагласува Новитцки во интервју за германски „Шпигел“.

Тој оваа сезона во просек оствари по 12 поени и 5,7 скокови.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот