Новиот седан „БМВ Серија 1“ засега само за кинескиот пазар

Од:

Германскиот производител „БМВ“ соопшти дека наскоро во Кина ќе почне со производство на моделот „Серија 1 Седан“, нагласувајќи дека станува збор за модел наменет исклучиво за купувачите во таа земја.

Новата компактна лимузија е дизајнирана на концептот „БМВ Компакт Седан“, чија премиера беше на саемот на автомобили во кинескиот град Гуанџу, во ноември 2015 година.

„БМВ Серија 1 Седан“ на кинескиот пазар треба  да се соочи со премиум моделитe „Мерцедес КЛА“ и „Ауди A3“. Автомобилот ќе се изработува во погоните на компанијата „BMW Brilliance Automative“, а претставува заедничка инвестиција на Баварците и Кинезите.

„БМВ“ засега објави само еден рендер за новата компактна лимузина, а ни ги сокри податоците за техничките детали на возилото.

Се очекува „БМВ Серија 1 Седан“ да биде поставен  на механичката платорма UKL со преден погон (истата што ја користи „БМВ Серија 2 Актив Туриер), а на располагање е на палетата од турбо мотори со три и четири цилиндри. Производителот најави и дека автомобилот ќе биде опремен со најновата КонектДрајв технологија, што треба да придонесе овој модел да претставува „атрактивната опција во премиум компакт сегментот“.

Останува да се види дали „БМВ“ ќе го промени мислењето и овој  модел дополниелно ќе го понуди и во Европа. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ