Новиот „МИНИ Катриман“ ќе може да се вози и на струја

Од:

Втората генерација на премиум СУВ моделот „МИНИ Катриман“  ќе биде достапна и во варијанта со бензинско-електричниот Плуг-ин хибриден погон, откриваат во компанијата „МИНИ“.

Првиот хибриден модел во историјата на „МИНИ“ ќе биде новиот „Кантриман“, а автомобилот во продажните салони пристигнува во 2017 година.

Овој модел ќе го користи Плуг-ин хибридниот погонски систем од „БМВ, 225 хе“, што значи дека „Кантриман“ ќе може извесно време да се вози исклучиво со помош на електрична енергија, додека батериите ќе можат да се дополнуваат со напојување на штекери. Автомобилот секогаш ќе стартува на струја, а во електричниот мод ќе може да се вози со брзина до 125 километри на час.

Погонскиот систем ќе се состои од трицилиндарски 1.5-литарски бензинец, што ќе ја придвижува предната осовина, и електромотор што ќе ги движи задните тркала. Техничките детали засега не се соопштуваат, но познато е дека во „БМВ 225 хе“ вкупната комбинирана сила на двата мотори достигнува 224 кс (165 кW) и 385 Нм, а освен двата агрегати, хибридниот систем се состои и од пакет батерии со капацитет 7,7 квч.

Ако претпоставката за идентичниот погонски систем е точна, хибридниот „Кантриман“ ќе биде во состојба во истиот електричен мод да минува 40 километри.

„БМВ 225 хе“ од 0 до 100 километри на час забрзува за 6,7 секунди и развива максимални 202 километри на час. Според фабричките податоци, просечната потрошувачка изнесува само 2.0-2,1 литри на 100 километри.

Батериите, на станрадните домашни полначи,  се полнат за три часа и 15 минути, па слични карактеристики треба да се очекуваат и во моделот “МИНИ Кантриман“.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ