Новиот „Хјунади i30“ е подготвен за саемот во Париз

Од:

Третата генерација на компактниот хечбек на јужнокорејскиот автомобилски гигант „Хјунади“ ќе донесе големи промени во дизајнот.

„Хјундаи“ ја почна промотивната кампања во пресрет на премиерата на новиот модел „i30“, што, според привот „тизер“, со себе носи и нов дизајнерски јазик на овој производител.
Автомобилот, што е дизајниран и развиен во Европа, пред се, наменет за корисниците на стариот континент, преку видео го најавува лично шефот за дизајн во компанијата, Германецот, Петер Шрајер кој последните години ги дизајнира возилата од марката „Киа“ и „Хјундаи“.

Новиот „i30“ ќе има сосема различен преден дел во однос на претходникот – на автомобилот доминира масивната маска на ладилникот со таканаречена „каскадна“ текстура и големиот амблем на „Хјундаи“ во средината.

Под закосените светла се наоѓаат вертикално поставени ЛЕД дневни светла.

Гледајќи од страна, се забележува дека „i30“ има поголема стаклена површина и поширок Ц столб, додека горната линија на вратата е хоризонтална, за разлика од актуелниот модел.
Кабината ќе биде попространа од порано, а патниците на задните седишта ќе имаат повеќе простор за нозете благодарение на големиот меѓуосовински размер.

Со оглед на наведените измени на формата на кабината, се очекува да расте и капацитетот на багажникот, што во хечбек верзијата моментално изнесува околу 380 литри.

Повеќе информации и технички детали ќе бидат соопштени на почетокот на септември за кога е закажана онлајн презентацијата, додека новиот „i30“ официјалната светска премиера ќе ја има на 1 октомври на саемот за автомобили во Париз. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ