„Германскиот производител на автомобили „Ауди“ ги соопшти цените на новата генерација на моделот„ А4“ за домашниот пазар.
Кон крајот на јуни можевме да ги видиме првите официјални фотографии од новиот „Ауди А4“ и да ги дознаеме основните технички детали. Во пресрет на светската премиера, што ќе се одржи на франкфурскиот авто-салон, овој германски производител објави и прелиминарни цени за моделите „А4“ и „А4 Авант“.
Лимузинската верзија во оваа земја ќе чини од 30.650 евра, колку што треба да се издвојат за базниот модел придвижуван од четирицилиндарски 1.4 ТФСИ бензинец што произведува 150 кс (110 кW) и 250 Нм максимален вртежен момент.
Караванот „А4 Авант“, опремен со истиот мотор, може да се набави за 32.500 евра.
Инаку, понудата на мотори на почетокот ќе опфаќа три бензинци и четири дизелаши.
Покрај основниот 1.4-литарски мотор достапен и дволитарскиот ТФСИ и тоа во варијантите со 190 кс (140 кW) и 320 Нм, и 252 кс (185 кW) и 370 Нм.
Дизел опциите ги покриваат два агрегата – четирицилиндарскиот 2.0 ТДИ со 150 кс (110 кW) и 320 Нм, и 190 кс (140 кW) и 400 Нм, односно шестцилиндарскиот 3.0 ТДИ во верзите со 218 кс (160 кW) и 400 Нм, и 272 кс (200 кW) и 600 Нм.
„Ауди“ соопшти дека во понудата ќе се најде и „А4 Авант г-трон“, што освен бензин за погон може да користи и компримиран природен гас (метан). Овој модел под хаубата има 2.0 ТФСИ со 170 кс (125 кW) и 270 Нм.