Моделот „Ауди А4“ за следната 2014 година ќе биде полесен и обликуван со повеќе стил, а инженерите на германскиот производител работат на тоа „секој детал да биде подобар“ во однос на актуелниот модел.
Германскиот „Ауто Билд“ понатаму наведува дека новиот „А4“ ќе има полуксузни содржини во кабината, вклучувајќи и напреден ММИ мултимедиален систем.
Една од причините за покревање на нивото на квалитет и содржини во овој автомобил е потребата тој на пазарот јасно да се профилира и разликува од неодамна претставените поевтини и помали „А3“ лимузини.
Благодарение на употребата на алуминиум, магнезиум, но и на пластични материјали, се очекува конструкцијата на новиот „Ауди А4“ да биде полесна за 50 килограми во споредба со сегашниот модел, додека вкупната заштеда во маса на целиот автомобил ќе изнесува околу 100 килограми.
Палетата мотори ќе вклучува 1.4-литарски ТСИ со 150 КС, како и две 2.0-литарске ТСФИ единици со 177 и 225 КС. Кога стануива збор за дизел агрегатите се споменуваат 2.0-литарски ТДИ со различни излазни сили од 122 до 190 КС, и 3.0-литарски В6 што би се споредувал со варијантите со 218 и со 272 КС.
Една година по претставувањето на новиот „Ауди А4“ може да се очекува и Плуг-ин Хибрид верзијата што ќе ја придвижува 2.0-литарски ТСФИ бензинец во комбинација со соодветен електромотор.
Електричниот агрегат ќе се напојува од литиум-јонски батерии со капацитет од 12 KWh, што на хибридниот модел ќе му овозможи да измине и до 50 километри користејќи само електричен погон.